Албанија потпиша тригодишен договор за сателитска услуга вреден шест милиони евра
Албанската национална агенција за цивилна заштита и операторот „Satellogic USA Inc“, во владата во Тирана, денеска потпишаа договор за сателитска услуга, во областа на одбраната и безбедноста за следење со напредна технологија на територијата на Република Албанија.
-Главен инспекторат на небото што ќе има очи на целата територија на државата, што нема да има ниту партија, ниту братучеди, ниту привилегии. Со сателитите веќе нема да може да се гради без дозвола, бидејќи сателитите ќе можат да го видат секој волумен подигнат на површината на земјата, рече меѓу другото премиерот Еди Рама по потпишувањето на договорот.
Рама го објави амбициозниот план за испраќање сателити во вселената за првпат во октомври 2021 година, а денеска рече дека наскоро во ” нашата флота ќе бидат додадени и шест вооружени дронови”.
-Сателитите наскоро ќе ги следат и беспилотни летала, кои со новите случувања решивме да ги земеме вооружени. Тие се за екстремни случаи или потенцијални непријатели, посочи тој.
– Договорот е во вредност од шест милиони долари и се состои од ексклузивна употреба на два сателита за период од три години за следење на територијата на Албанија, развој на технички и професионални капацитети за користење на сателитската услуга и обработка на геопросторни информации, рече министерот за одбрана Нико Пелеши.
Додаде дека Албанија ќе има приоритетен пристап до два од наменските сателита кои ќе се приклучат на сателитската флота при следното лансирање со „Спејс Икс“ и ќе се нарекуваат „Албанија 1“ и „Албанија 2“.
Приемот на сателитски снимки со многу висока резолуција ќе им служи на институциите зашто, според него, ќе се следи се, од дивоградби, парцели со канабис до илегални премини на граница.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок