Албанија ќе набави над 1,1 милион дози вакцини против Ковид-19
Албанија планира да набави над 1,1 милион дози вакцини против Ковид-19 со кои ќе бидат опфатени 20 отсто од населението.
За таа цел денеска до Парлементот е доставен Предлог – закон со кој се предвидува набавка на антиковид вакцина ,кога таа ќе биде достапна на пазарот, договор кој е поврзан со компанијата „Covax“.
-Со овој Предлог-закон се предвидува набавка на 1.140.000 вакицини за што ќе бидат потрошени 3,9 милиони долари.Според владата овој број вакцини ќе бидат наменет за 20 отсто од популацијата и се предвидува едно лице да добие две дози од вакцината, пренесува Топ чанел телевизија.
Предлог-законот за ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Албанија, претставувана од министертвото за здравство и социјална заштита и алијансата ГАВИ за учество во глобалната структура за прстап до вакцината Covax facility денеска е доставен до албанскиот парламент.
Во Албанија овој месец влошена е епидемиолошката состојба. Во просек дневно се регистрираат по повеќе од 200 нови случаи или 20 отсто од тестираните. Вчера од направените 1.375 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 297 лица, што е околу 22 отсто од тестираните.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел