Македонија
27. April 2021 - 10:36

Албанец тешко повреден при изведување градежни работи во с.Градец

Вчера во 11.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 10.30 часот во с.Градец, во куќа во израдба, при изведување градежни работи, Ч.Н.(63) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, информираа од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.