Свет
22. May 2016 - 11:52

Ал Каеда се насочува кон Сирија со план да ја предизвика Исламска држава

Њујорк тајмс - Њујорк

Врховното раководство на Ал Каеда во Пакистан, кое беше сериозно ослабено по една деценија напади со беспилотни летала на Операцијата Трајна слобода (ОТС - НАТО предводена од САД со здружените сојузници), одлучила иднината на терористичката организација да биде во Сирија и тајно таму испратила над десетина најискусни свои луѓе, изјавија високи претставници на американски и европски служби за разузнавање и борба со тероризмот.

Префрлањето на високи џихадисти на Ал Каеда се должи на фактот дека Сирија станува се поважна за терористичката организација. Дејствијата на Ал Каеда најверојатно навестуваат ескалација на крвавото соперништво на организацијата со Исламска држава, рекоа западни официјални извори.

На борците им било кажано да започнат создавање на алтернативен штаб во Сирија и да ги положат основите за евентуално основање на емирство по сириската „филијала“ на Ал Каеда, Џебхат Ал Нусра, за да се спротивставува на Исламска држава од која Ал Нусра се отцепи во 2013 година. Тоа би било значајна промена во ставовите на Ал Каеда и со неа поврзаните организации, кои сметаат дека не треба да се создава емирство или каков било друг вид официјална суверена држава додека не проценат дали се остварливи неопходните услови за тоа на терен. Таквата реализација може да покаже како сериозна терористичка закана за САД и Европа.

Борци на Ал Каеда со години влегуваат и излегуваат од Сирија. Ајман аз Завахири, врховниот раководител на организацијата во Пакистан, испрати џихадистички главешини како поддршка на Ал Нусра во 2013 година. Една година подоцна тој испрати кон Сирија „хорасан“ клетка на Ал Каеда, за која не се знае многу и за која американските власти изјавија дека планирала напади против Западот.

Но воспоставувањето на потрајно присуство во Сирија ќе и даде на организацијата непроценлива можност, рекоа западни аналитичари. Ако Ал Каеда создаде држава во Сирија, тоа не само што ќе и даде можност да нанесува од поблиску удари врз Европа, туку ќе може да има кроист и од физичка и логистичка поддршка од борци од Ирак, Турција, Јордан и Либан.

На почетокото на мај, Завахири ја испрати својата прва аудио порака по неколку месеци, и се чинеше дека и дава зелено светло на Ал Каеда да ја користи Ал Нусра за создавање на емирство во Сирија со негов благослов. Некои од главешините на Ал Нусра, сепак сметаат дека моментот не е соодветен за таков чекор и затоа фронтот сеуште го презел тој чекор.

Ал Каеда и Исламска држава „имаат една и иста крајна цел, а имено тоа е да создадат исламска држава, но тактиката им е различна, смета Чарлс Листер, соработник во Институтот за блискоисточи истражувања, но и други истражувачи. Исламска држава побрза да нареди строга еднострана контрола над териториите во Ирак и Сирија и ја објави својата независност. Ал Нусра упорно се обидуваше да добие внимание во реоните кои се под нејзина контрола, како и меѓу сириските бунтовнички организации кои се спротивставуваат на владеењето на претседателот Башар Асад.

Американски претставници велат дека Исламска држава ја засенила Ал Каеда во глобалната џихадистичка хиерархија, и Ал Каеда го загубила угледот кај своето членство, и голем дел од нив минале на страната на нејзиниот соперник, кој е пожесток и поумешен во медиумите. Многу од оперативнте кадри на Хорасан, меѓу кои и водачот Михеин ал Фазли, беа убиени во осум американски воздушни удари во северозападна Сирија од септемри 2014 до денес.

Исламска држава располага со 19 до 25 илјади борци, распоредени рамноправно меѓу Ирак и Сирија, упатуваат анализите на американското разузнавање. Ал Нусра има од пет до 10 илјади борци, сите во Сирија. Евентуалното идно емирство ќе се разликува од калифатот на Исламска држава, по обемот и своите амбиции, вклучувајќи и тоа то емирството на Ал Нусра нема да претендира да е власт за сите муслимани низ целиот свет.

И покрај сето присуство на искусни кадри од високото раководство на Ал Каеда во Сирија - за главите на некои од нив САД даваат и по неколку милиони долари - предизвика тревога во Вашингтон како и во сојузничките престолнини во Европа, на Блискиот исток и во Северна Африка.

Еден од оперативните соработници, врз кого најсериозно го насочија фокусот западните разузнавачи, е Саиф ал Адел, високопоставен член на раководниот орган на Ал Каеда - Советот (Шурата) која раководеше со организацијата непосредно откако Осама бин Ладен беше убиен во Пакистан во 2011 година, од специјалните единици на морнарицата на САД, Фоките. Не е јасно дали тој се наоѓа во Сирија, во Северна Африка или пак некаде на друго место, рекоа претставници на американското разузнавање.

Иранските власти го ослободија Адел и уште четворица високи членови на Ал Каеда на почетокот на 2015 г., во рамките на тајната размена на затвореници со јеменската филијала на Ал Каеда, која го држеше заробен јеменскиот дипломат Нур Ахмед Никбахт.

Адел е поранешен полковник од египетските вооружени сили, најверојатно на 50-годишна возраст и е вклучен на списокот на ФБИ на 50-те најбарани терористи, и е наведен како одговорен за бомбашките напади врз американските амбасади во Источна Африка во 1998 година. САД за неговата глава даваат награда од пет милиони американски долари.

За останатите четворица мажи кои биле пуштени на слобода од Иран, исто се претпоставува дека се во Сирија. Тоа се Абдул Хаир ал Мисри, Египќанец кој му бил заменик на Абу Мусаб аз Заркауи, основачот на организацијата која подоцна стана Исламска држава; Сари Шибаб, јордански соработник; Абу Мохамед ал Мисри, Египќанец кој помагал во организирањето на големите атентати на Ал Каеда пред 11 септември 2001 г., рекоа американски претставници кои биле информирани за размената.

Не е јасно кога и како Ал Каеда би можела да создаде емирство во Сирија, кое ќе контролира дел од сириската терторија и најверојатно ќе ги утврди позицииите и во однос на поумерените сириски опозициски организации. Ан Нусра се појави во 2012 година како отцепена од органзиција која била поврзана со Ал Каеда во Ирак - која потоа под раководство на Абу Бакр ал Багдади се прогласи како Исламска држава - за да се бори против владеењето на Асад. Истата година САД ја прогласија Ан Нусра за терористичка организација.

Но во 2013, Ан Нусра одби да му се приклучи на Багдади, кога го објави создавањето на Исламска држава, и му се заколна на верност на Завахири во Пакистан. Тоа разгоре чести крвави сопернички сукоби помеѓу борците на Ан Нусра и Исламска држава во Сирија.

Сега врховното раководство на Ал Каеда се обидува да ги сопре загубите во Пакистан и да постигне успех со пропагандна цел ако создаде емирство. Дел од водачите на Ан Нусра сепак сметаат дека организацијата треба да продолжи да се придржува кон својата попрагматична стратегија да создава поддршка на локална почва.

- Главните разидувања се по прашањето до колку да се поддржува стратегијата на Ал Каеда за постигнување на нејзината долгорочна цел, пред Ан Нусра да почне се повеќе и повеќе да го открива своето вистинско лице и да ја консолидира својата територијална контрола преку создавање на емирство, изјави Листер во интервју.

Многу од сириските бунтовнички организации кои се борат заедно со Ан Нусра против владеењето на Асад, ја отфрлаат идејата за создавање на емирство затоа што стравуваат дека тоа уште повеќе ќе ја расцепи опозоцијата против сирискиот претседател.

- Од религиозна гледна точка на Ал Каеда, објавувањето на држава или емирство треба да стане единствено тогаш кога таа ќе биде навистина во состојба да управува, изјави Фирас Аби Али, еден од главните аналитичари во лондонската Ај-Ејч-Ес кантри риск, компанија за проценка на ризици. „Ќе биде апсурдно Ал Каеда да објави емирство, додека напоредно со него постои и калифат која таа го негира“.