Активен пожарот кај Македонски Брод, пожар и на Матка
Пожарот во село Требовље, кај Македонски Брод се уште е активен, како и пожарот кај Лутоец, во атарот на селото Растеш кон населеното место Заград. Активни се и пожарите кај село Подвис кон село Локвени во општина Кривогаштани, како и кај гостиварското село Корито. Попладнево пожар избувна и на Матка и се шири кон браната и кон село Шишево, информира Центарот за управување до кризи.
Во моментов за пожарот во атарот на село Требовље, во општина Македонски Брод ангажирани се припадници на АРМ, дав хеликоптери, еден од АРМ и еден од соседна Бугарија, Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, месното население од селото Растеш и доброволци од Тетово, ЈП „Македонски шуми“-Македонски Брод.
Вработени на ЈП „Македонски шуми“ од Македонски Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во село Девич, кој е ставен под контрола.
Пожарот во атарот на село Подвис кон село Локвени е се уште активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума. Попладнето пожарот во делот кон село Локвени е локализиран, но се префрла по ридот накај селата Алданци и Норово. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица Крушево, ЈП „Липа“, ДЗС-Битола, ТППЕ Кривогаштани и интензивно се работи на негово гаснење.
Пријавен е пожар на нискостеблеста дабова деградирана шума во атарот на село Житоше, а на терен се вработени од ЈП „Липа“. Пожарот е делумно локализиран, но екипата е се уште на терен и работи на целосно изгаснување.
Во пожарот кај село Корито, кој од лева страна, односно од селата Гургурница и Порече се движи кон село Корито, гори сува трева. За гасењето на пожарот испратена е екипа на „Македонски шуми“ Гостивар, а месното население веќе дејствува.
„Македонски шуми“-Тетово интервенираат на опожарена нискостеблеста шума и сува трева над село Копанце, општина Јегуновце.
- Се работи за пожар кој пред четири дена беше активен од страната на селата Радуша и Дворце од скопскиот регион. Направен е пресек за пожарот да не се спушти надолу кон селото каде што има и мала шума. Засега нема опасност од проширување и опожарување на шумата, информира ЦУК.
Во попладневните часови се појавил пожар на мешана шума од левата страна на браната Матка, на непристапен терен. Пожарот се шири кон браната Матка и кон планината Водно. Околу 15:30 часот пожарот се префлил и на десната страна од браната и се шири кон селото Шишево. Неколку екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се испратени на терен.
Пожарот кај скопското село Студеничани е се уште активен.
Околу 12 часот денеска е локализиран пожарот во атарот на село Видовиште, кој се движел во правец на манастирот „Света Петка“. Состојбата се следи, а на терен се останати екипи од Територијалната противпожарна единица и Шумското стопанство „Осогово“.
Ново на Сител
-
Прекинат бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“, учениците утре продолжуваат со настава
-
Жител на Могорче сакал да подигне брз кредит со туѓи податоци
-
Советот на ЕУ одобри дополнителни 4,2 милијарди евра помош за Украина
-
Кадиров: Трамп не поставува услови, одлучувачкиот потег за решавање на конфликтот во Украина е на Путин
-
Путин: Никој нема да може да ја освои или скрши Русија
-
Трамп најави дека ќе ја назначи својата соработничка Алина Хаба за претседателски советник
-
Шест војници загинаа во судир на два турски воени хеликоптери
-
Конте по поразот од Лацио: Овој натпревар јасно покажа дека Наполи е на добар пат