Живот
6. July 2020 - 9:23

Актерот Ник Кордеро почина од коронавирус по 94 дневна борба

Актерот Ник Кордеро (41) почина од коронавирус по 94 дена борба за живот во болница во Њујорк.

Кордеро од април бил во многу тешка состојба, а му била и ампутирана ногата поради компликации од коронавирусот. Неговата сопруга Аманда на Инстаграм објави вест за смртта на сопругот со кој го има едногодишниот син Елвис.

-Бог има уште еден ангел на небото. Мојот најдраг почина. Срцето ми е скршено и не можам животот да го замислам без неговата светлина. Им благодарам на неговите љубени мудри доктори полни со разбирање. Додека умираше се молевме и ја пеевме неговата омилена песна „Live your life“. Се бореше како лав. Те сакам засекогаш, мил мој, напиша Аманда.

Кордеро од март бил на интензивна нега со воспаление на белите дробови. На актерот за време на терапијата му давале лекови за проретчување на крвта, но тие предизвикале бројни компликации.