-->
-->
АКП: Нема повеќе собири во Германија по повод референдумот во Турција
-->
Официјална Анкара одлучи турски политичари да не одржуваат политички собири во Германија пред референдумот за зголемување на претседателските овластувања, соопшти денеска Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
- Сите собири кои се планирани ќе бидат откажани. Таква одлука е донесена во Анкара, изјави портпаролот на огранокот на АКП во Келн.
Тензиите меѓу Анкара и Берлин се зголемија поради забраната на германските власти за одржување на собири со турски политичари по повод референдумот, што треба да биде одржан идниот месец.
Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека би можела да ги забрани сите идни кампањи на турските политичари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата