Свет
29. November 2016 - 13:33

"Ако умрам денес, ќе умрам среќен" - Тренерот на Чапокоензе по квалификувањето во финалето

"Ако умрам денес, ќе умрам среќен" - изјавил Каио Јуниор, тренерот на Чапокоензе по квалификувањето во финалето.

Бразилскиот тим Чапокоензе не стигна да го игра финале на Куп на Суд Американа, откако нивниот авион се сруши во Колумбија. Од вкупно 81 патник во авионот, дури 75 се мртви. Меѓу петмината преживеани, дури тројца се фудбалери на бразилскиот клуб. 

Судбината си поиграла со тимот на Чапокоензе. Фудбалската експедиција била принудена да го смени авионскиот лет за да стигне до Меделин, каде требале да играат меч против Атлетико Национал. Сепак на крајот тие не стигнале до посакуваната дестинација. Авионот се урнал поради проблеми со моторот. 

Среќа да бидат живи извлечени од урнатините имале само петмина патници, од кои тројца се членови на  Чапокоензе. Дефанзивецот Алан Рушел и голманите Џексон Фолман и Данило успеале да го преживеат падот. Жив е и еден од бразилските спортски новинари кои патувале заедно со клубот, како и еден член на екипажот. Неколку играчи на тимот, воопшто не влегле да патуваат на кобниот лет.