Македонија
16. November 2019 - 14:36

Акцијашите-волонтери засадија 600 дрвца над градот Штип

Членовите на Здружението акцијаши волонтери заедно со Извидничкиот одред, Црвен Крст, Советот на млади и средношколци денеска беа дел од акцијата за пошумување на месноста Кумлак. Никола Канагалов од Здружението на акцијаши-волонтери вели дека на еден од голите ридови над градот Штип се засадени околу 600 дрвца.

-Садниците ги засадивме во формата на натпис Штип, а со намера тоа да биде иницијатива за покренување на традиционални акции за пошумување и во текот на пролетта и есента, вели Канагалов.

Како здружение веќе ја почнале иницијативата за пошумување на голите ридови околу градот, а какошто вели Кагналов веќе имале и средба со средношколците и директорите на училиштата. Смета дека веќе има позитивно расположение за организирање на вакви акции за пошумување, единствено што општината треба да им обезбеди простор, каде што ќе бидат засадени дрвцата.