Македонија
12. October 2020 - 12:39

Акција за уривање на дивоградби во Вевчани – се бетонира брегот на езерото во Струга

Акцијата за уривање на дивоградбите во Вевчани во полн ек.Откако општината ги обелодени нелегалните градби сопствениците започнаа  сами ги отстрануваат .Градоначалниот Јанкоски најави дека најнапред се пристапува кон рушење на помалите  објекти,настрешници ,огради,скали и урбана опрема на еден угостителски објект ,а потоа и кон отстанување на пет тврди градби за домување кај кои градежниот инспектор утврдил прекршувања на законот за градба.

И додека во Вевчани се руши од невладината Охрид СОС обвинуваат дека брегот на Охридското езеро од струшка страна се бетонира и узурпира.

(Спротивно на законите, спротивно на Планот за управување со Охридскиот Регион, спротивно препораките на UNESCO, брегот на Охридското Езеро во административните граници на Општина Струга целосно узурпиран, ограден, бетониран, приватизиран).стои на фејзбук профилот на Охрид СОС.

Додека пак во Охрид  и покрај тоа што нема на повидок уривање на дивоградбите од локалната велат дека акцијата се одвива согласно утврдената динамика се отстрануваат оние објекти кај кои не постојат правни пречки и активности за уривање.