Ахмети: Во координација сме со САД, ЕУ и НАТО, ќе делуваме без емоции и еуфорија
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил објави дека е во постојана комуникација со сите политички партии освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев.
-Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. Исто така, за актуелните случувања во контакт и кординација сум со нашите стратешки партнери, САД, НАТО и ЕУ. Нема да постапуваме ниту со емоција , ниту со еуфорија, пишува Ахмети на фејсбук статусот по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство.
Ахмети наведува дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, и во неможност да одговори на сите, порачува, „заедно ќе успееме“, најавувајќи дека за сите случувања партијата ќе информира навремено. – Заедно засекогаш и во секој предизвик, дополнува Ахмети.
Ново на Сител
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда