Ахмедовски се сретна со делчевскиот градоначалник Трајкоски
Имплементацијата на Стратегијата на Ромите и подобрување на квалитетот на животот со посебен акцент на проблемите со домувањето на Ромите, беше тема на денешната средба на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајкоски и министерот без ресор задолжен за координација и имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите, Аксел Ахмедовски.
Ахмедовски потенцираше дека на средбата биле дискутирани проблемите со кои се соочуваат Ромите во општина Делчево и можните решенија, идеи и проекти за подобрување на нивната состојба преку реализација на комунални инфраструктурни проекти од страна на општината.
- На средбата беше потенцирано дека усвојувањето на Локалниот акциски план во рамките на Стратегијата за Роми 2014-2020 година претставува голем чекор на локалната администрација кон целосна интеграција на Ромите. Во оваа насока министерот Ахмедовски истакна дека овој план претставува основен патоказ за реализација на активности кои директно ќе придонесат за зајакнување на положбата на Ромите во оваа општина, истакна Ахмедовски.
За градоначалникот Трајкоски средбата била конструктивна и се отвориле конкретни прашања на кои ќе може да се делува со цел да се подобри квалитетот на животот на ромската заедница.
- Со министерот без ресор разговаравме за повеќе прашања и проблеми кои се актуелни кај ромската заедница. Ги потврдивме приоритетите за решавање кои се во надлежност на Општина Делчево, а кои можат во соработка со ресорното Министерство да овозможиме нивна реализација. Разговаравме за повеќе можности и ние како локална самоуправа да аплицираме за повеќе проекти до Министерството за што ќе следува повик, а ние како Општина сме подготвени да аплицираме, рече Трајкоски.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година