Loading Video...
Свет
12. August 2022 - 16:35

Агентите на ФБИ барале документи за нуклеарно оружје кај Трамп

Дел од кутиите пронајдени при претресот на одмаралиштето на Трамп во Флорида, содржеле доверливи материјали, вклучително и документи поврзани со специјални програми за пристап, кои имаат ограничувања на тоа кој смее да ги види, објави Си-Ен-Ен. Од Гардијан пак известуваат дека агентите на ФБИ барале тајни документи поврзани со нукеларно оружје. Од ФБИ и Министерството за правда не сакале да споделат за каков вид на оружје станува збор и дали тоа му припаѓа на САД или некоја друга земја.

Јавниот обвинител Мерик Герланд изјави во четвртокот дека Трамп лично го одобрил налогот за претерес, кој беше извршен во понеделникот.