Македонија
1. September 2020 - 11:40

Агенцијата за национална безбедност АНБ, одбележува една година од формирањето

Обуки на вработените според Нато стандарди, соработка со странски безбедносни сервиси се само дел од активностите кои ја одбележаа првата година од постоењето на АНБ, потенцираше директорот Виктор Димовски. 
 
Тој вели дека агенцијата во изминатите 365 дена ги следела безбедносните закани како што се тероризам, сајбер криминал и нелегалната миграција. 
 
-Очекуваме силна поддршка од Владата за современа модерна безбедносна служба која ќе им служи на граѓаните и државата, истакна Димовски. 
 
Премиерот Зоран Заев истакна дека формирањето на АНБ е последниот чекор за реформи на безбедносните служби. 
 
-АНБ работи во согласност со уставот и законите, но процесот на реформи во безбедносниот систем не е завршен, тој бара континуирано унапредување. Постигнатите резултати влеваат доверба дека АНБ и во иднина ќе работи со успех за што ќе ја има неопходната поддршка од Владата, изјави Зоран Заев, Премиер.
 
 
Зоран Јаневски