Македонија
20. September 2019 - 19:03

Агапи Дика и Зоран Азманов со искази во обвинителството за случајот Рекет

Претседателката на собранието на Меѓународниот сојуз, Агапа Дика, вели дека ништо не знае за сумата од над 700 илјади евра кои легнале на сметката на сојузот на Боки 13. Дика денеска беше повика да сведочи за случајот Рекет. Два и пол часа се задржа во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. За да ги одбегне новинарските прашања, излезе на споредниот влез од зградата.

За случајот сведочеше и бизнисменот Зоран Азманов кој претходно обвини дека Боки 13 се обидел да го рекетира.. Изјави дека му се заканувал со документи од финансова полиција и специјалното обвинителство.

Во обвинителството, свој исказ денеска имала и продавачка од луксузна продавница во која Боки 13 купувал за себе мебел. Вчера пак во обвинителството сведочела и Јованка Кухар, координатор на проектни активности во Меѓународниот сојуз. Таа во телефонски разговор за Сител рече дека околу еден час одговарала на прашања од обвинителството но не откри повеќе детали.

Инаку кривичниот суд не го прифати барањето за укинување на притворот на Катица Јанева. Судија на претходна постапка го разгледал предлог кој содржел гаранција во имот но и негативното мислење од обвинителство па одлучил на Јанева да и биде продолжен 30 дневниот притвор.