Бизнис
25. January 2021 - 16:35

Администрацијата се враќа во канцеларија - ќе има ли нов бран заразени?

Да не се брза со враќањето на административците на работа. Од ресорниот синдикат велат дека работниот процес треба да се нормализира, но дека треба повнимателно да се пристапи на ова прашање за да не дојде до влошување на епидемилошката состојба. Од таму велат дека враќањето на административците на работа нема да значи само полни канцеларии, туку повеќе гужва насекаде.

Владата викендов најави дека има можност адмиитративците да се вратат на работа од 01 февруари.

„Со оглед на тоа дека бројот на заразени е намален, од 01 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државна и јавна администрација во полн состав со полно работно време во работните места. За овој став претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести”, соопшти Владата.

Доколку се нормализира работата, синдикатот бара доследно почитување на протоколите затоа што и сега со редуцирана работа голем број административци биле инфицирани со вирусот.

На иста линија со синдикатот се и дел од лекарите кои сметаат дека не треба да се носат избрзани одлуки за релаксирање на мерките за заштита.

Од Министертсвото за здравство велат новите мерки ќе зависат од состојбата која ја следи Комисијата за заразни болести.

„Се намалува бројот и на новодијагонстицирани и на хоспитализирани пациенти, но остануваме внимателни затоа што не се исклчува можноста, како што е случај со други земји да се соочиме со нов бран“, велат од Министертсвто за здравтсво.