Свет
4. January 2018 - 8:41

Абе: Северна Кореја продолжува со провокациите

 Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска изјави дека Северна Кореја продолжува со провокациите што е апсолутно неприфатливо.

- Не е претерување ако се каже дека безбедносното опкружување на Јапонија е на најниско ниво од Втората светска војна, посочи Абе.

Тој додаде дека ќе се обиде да го реши севернокорејското нуклеарно и ракетно прашање со зголемување на притисокот врз Пјонгјанг и заедно со меѓународната заедница.