Кошарка
21. January 2023 - 20:06

АБА Лига: Металците немаа сили за подвиг против Будуќност

Македонскиот кошаркарски првак  МЗТ Скопје го претрпе и осмиот по ред пораз во АБА-лигата и тоа од тимот на Будуќност со 86-90.
 
Домаќинот настапи ослабен и тоа се почувствува на стартот на средбата кога гостите набрзина дојдоа до предност од огромни плус 14 (18-4), МЗТ  со серија 9-2 се врати до игра но само за кратко бидејќи следуваше нова серија на Црногорците од  21-6, а набрзо потоа дојдоа до највисоките на мечот плус 19 (59-40).  И кога сите очекуваа лесен пораз на металците следуваше нова серија на МЗТ и израмнување на резултатот на 76-7-6. 
. Македонскиот тим беше подобар речиси во сите статистички категории, со оглед што шутираше (49%-47%), скокаше (30-28) и асистираше 917-11) подобро од противникот, а ги погоди сите 18 удари од линијата за слободни фрлања, но немаше среќа да се израдува на третата победа.
Абдул-Малик Аби одигра одличен меч со 19 поени и 11 скока, а веднаш зад него беа Војдан Стојановски со 20 и Дастин Вер со 16 поени. Трае Бел-Хајнс со 22 поени беше најпрецизен кај гостите од Подгорица.