Loading Video...
Свет
15. March 2019 - 16:53

49 загинати во терористички напад на две џамии во Нов Зеланд

Австралијанецот Брентон Тарант на социјалните мрежи, во живо, го пренесувал масакрот, кој го планирал две години. Во џамијата Ал Нор, во гратчето Крајстчрч во Нов Зеланд влегол вооружен со автоматски пушки, со панцир и шлем на глава на кој пишувало забавата може да почне. Храмот за петочната молитва бил полн со верници.

Веднаш потоа била нападната и џамијата Линвуд. Во двата напади се убиени 49 луге, а 41 е ранет. Тарант е уапсен во полициска акција веднаш по масакрот. Во возилото во кое е фатен имало експлозивни направи. Полицијата уапси уште три лица, двајца мажи и една жена за кои постои сомневање дека се поврзани со нападите.

Тарант пред да го изврши нападот, на твитре објавил манифест во кој ја слави надмокноста на белата раса, особено над муслиманите. Во тсктот вели дека е фашист и дека бил инспириран од норвешкиот масовен убиец Брејвик. Идејата за нападот ја добил откако во 2016 ја посетил Франција, каде, како што вели ,  се разочарал кога видел дека мигрантите го преземаат срцето на Европа.  Бил опседнат со српските и бугарски кнезови и војсководфци кои се бореле против исламската империја и нивните имиња ги имал напишано на оружјето.  На патот кон џамиите во автомобилот сдлушал и српска музика.

Премерката на Нов Зеланд го осуди нападот, оценувајки го како терористички чин. Осуди дојодоа и од другите светски полиитчари