Македонија
10. July 2016 - 16:33

44 годишен гостиварец криел 10 килограми марихуна во својата бања

Полицијата пронајде непозната зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана, со вкупна тежина помеѓу 8 и 10 килограми при претрес во домот и помошните простории на 44-годишен гостиварец.

Како што соопшти СВР Тетово, при претресот реализиран со судска наредба, вчеравечер, во бањата на првиот кат од куќата во Гостивар, пронајдени се 8 најлонски пакувања оставени во картонска кутија до кадата. За време на претресот, гостиварецот не бил во домот и се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање, а против него ќе следи соодветен поднесок.