Македонија
26. November 2020 - 10:24

388 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 388 мерки, меѓу кои 46 за возење без возачка дозвола, 34 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за користење на мобилен телефон. За непрописно паркирање изречени се 59 мерки, а 55 мерки за неносење на  заштитна маска. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.