-->
-->
38 години затвор за убиството на Никола Саздовски
-->
Обвинетите за убиството на Никола Саздовски заработија вкупна казна затвор од 38 години. 20 годишниит Бесир Беља и 21 годишниот Скендер Демири се прогласени за виновни за сторено кривично дело убиство на свиреп начин и добија затворски казни во траење од 19 години.
Во образложението на пресудата, судијката Даниела Алексовска-Стојановска наведе дека обвинетите заработиле идентични казни бидејќи од спроведените вештачења не можело да се утврди кој ги задал смртоносните удари од кои починал Саздовски.
Семејството на Саздовски бара и надомест на штета за сите членови а сумата за оштетно побарување е над 10 милиони денари.
На 7 февруари годинава беше извршна реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица на автобуската постројка во Автокоманда.
Според обвинението, Бесир Беља и Скендер Демири заедно со деветнаесет годишниот Јетон Љужа кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година, крвнички го претепале Никола Саздовски на автобуска постојка во населбата Автокоманда на булеварот „Александар Македонски“.
Од здобиените повреди, десет дена подоцна, Саздовски почина на Клиниката КАРИЛ во Скопје.
Обвинетиот Љужа е сè уште недостапен за судот и полицијата и распишани се домашна и меѓународна потерница за негово пронаоѓање.
Првично, тројцата осомничени, обвинителството ги гонеше за кривично дело "насилство" а подоцна го прекфалификува во „убиство на свиреп начин".
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина