Фудбал
12. јуни 2016 - 16:10

35 повредени во тепачката во Марсеј

Полицијата во францускиот град Марсеј соопшти дека дури 35 лица се повредени во нередите пред и по натпреварот на ЕП помеѓу Англија и Русија. 

Првиот човек на полицијата Нуњез изјави дека сите повреди се од полесна природа но избегна да даде одговор за тешко повредениот Британец. 
Француските политичари ја бранат полицијата  која не беше на потребното ниво и ги обвинија пијаните навивачи за инцидентот. 
Речиси сите телевизии ја пренесуваа директно тепачката низ улиците на Марсеј. 
Мечот заврши 1-1.