35-годишник се бори за живот на скопските клиники откако вчера паднал при поправка на покрив

Велешанец на 35-годишна возраст се бори за живот на скопските Хирушки клиники откако вчера попладне паднал од покрив висок околу 10 метри, во близина на силосите кај Маслодајна.
Несреќата се случила околу 15 часот, кога велешанецот, кој бил ангажиран на поправка на покрив, од засега непознати причини, паднал. Веднаш на местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош која му укажала прва помош и итно го пренела во Хирушката амбуланта на велешката Општа Болница.
Од велешката болница за МИА информираат дека повредениот бил донесен во бесознание и со повеќе тешки повреди и веднаш бил реанимиран и прегледан. Но, поради тешките повреди на главата и на градниот кош, итно бил транспортиран на Хирушките клиники во Скопје.
Полицијата направила увид на настанот и ги утврдува причините за тоа како паднал 35 годишниот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
