Македонија
19. October 2020 - 12:51

309 деца од градинки во изолација - трендот на позитивни е како и целата епидемилошока слика во државата

Се зголемува бројот на заразени во градинките. Од 9 октомври до 16, има 6 нови заразени деца и 21 вработени во градинките. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска информираше дека во овој момент во изолација има 309 деца во изолација и околу 50 вработени.

-Значи, трендот на позитивни е како и целата епидемиолошка слика во државата. Меѓутоа, здравствената состојба на сите досега што биле позитивни, како дечиња, така и вработени е добра. Немаме хоспитализација, освен тие две од претходно, но тие се завршени. На голем дел хоспитализацијата им заврши. Генерално здравствената состојба на децата во градинките и вработените е добра, рече Шахпаска. 

Прашана за евентуално затворање на градинките, министерката рече дека се следи епидемиолошката состојба и одлука ќе се носи заедно со локалните самоуправи.

 

Даниел Василев