Бизнис
19. April 2019 - 16:32

30 милиони долари од Светската банка за македонските извозници

Камионите во овој регион на граница поминуваат околу 26 милиони часови годишно. Црната статистика ја објави Светска банка. Региоланта директорка на Банката за Западен Балкан вели:

„Доцнењата на граничните премини во земјите на Западен Балкан се пет пати подолги отколку во повеќето земји на Европската Унија и камионите во регинот секоја година поминуваат околу 26 милиони часови на премините– што е еднакво на скоро 3,000 години“, вели Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан.

Македонските извозници кои работат на териоторијата на овој регион целосно ја потврдуваат пресметката на Светска банка. Нивната практика покажува дека еден камион од земјава до Црна Гора патува и по 5 дена.

Лошата инфраструктура е една причина, но обемната и бавна царинска процедура е главниот проблем за долгиот транспорт. Работата стнаува уште посложена и поскапа заради честите промени на законите.

Светска банка прва им излегува во пресрет на извозниците од регионов. Денеска Бордот на директори одобри прокет вреден 140 милиони долари чија цел е олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан. Во прва фаза обезбедени се 90 милиони долари, од нив 40 за Србија, 30 за земјава и 20 милиони за Албанија. Проценките на банката се дека преку овој проект трошоците ќе се намалат за повеќе од 10%.