Македонија
7. July 2022 - 16:59

24 годишно момче почина по пад при градежни работи

 Починал дваесет и четиригодишен кичевчанец кој паднал при изведување градежни работи со градежна машина во дворот на Н.Г.(69)  од селото Србица.

-Во ОВР Кичево вчера во 17.40 часот било пријавено дека Ј.Е.(24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69)  од селото Србица, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што починал во болницата во Тетово, соопштија од МВР.

Увид бил извршен и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството