Македонија
1. February 2016 - 16:28

235 американски новинари донирале дури половина милион долари во само една изборна кампања

Репортер на CNN донирал 500 долари за кампањата на Џон Кери, заменикот главен и одговорен уредник на Форбс донирал 2000 долари за Републиканците, уредник во новинската мрежа на Дау Џоунс донирал 10356 долари за левичарите и води блог на кој објавува листа со луѓе кои не мус е допаѓаат- на првото место е ставен Џорџ Буш.

Анализата за изборната кампања во САД во 2008ма година која ја направил MSNBS, покажува дека дури 143јца новинари биле и донатори за партиите. ОД своите новинарски плати , пари за изборната кампања на Демократите издвоиле дури 125 новинари. Само 16 донирале за Републиканците а двајца новинари донирале за двете партии.Подоцна објавената анализа на Центарот за Одговорна политика покажува дека до 2010, 235 американски новинари во само една изборна кампања донирале 469.900 долари.

Меѓу донаторите е Гај Рац од CNN кој подоцна известувал од Пентагон за NPR, репортерот Џорџ Пекер од New Yorker, продуцентот на шоуто на Бил о-Рајли на Fox, политичките коментатори на Vanity Fair, викенд уредникот на The Wall Street Jopurnal, уредници и водители на вести од Вашингтон, Минеаполис, Мемфис и Вичита па дури и етичкиот колумнист во New York Times. Меѓу подарежливите е финансискиот колумнист во New York Sun кој за Републиканците издвоил дури 90.000 долари.

Во дел од медиумите во САД забрането е политичко ангажирање на новинарите. Но во дел, тоа не претставува никаков проблем. Во New York Times на пример, уредникот има дадено впечатлива изјава- Не мие грижа дали спиете со слонови се додека не известувате од циркузот. Овој и неколку други угледни американски медиуми забрануваат политичко донирање самоз а новинарите кои известуваат за партиите. Во друг дел од медиумиоте единственос е бара новинарите самите да пријават доколкуз а некпој прилог чувствуваат конфликт на интерес.

Новинарите кои донирале за партиите во изјава за NBC коментирале дека независно од нивната вклученост во апртиските кампањи тие се фер и професионални во своето известување. Подобро е новинарите да бидат транспарентни за нивните политички убедувања, оние уредници кои лажнос е претставуваат како независни всушнопст ја манипулираат јавноста- бил ставот на најголемиот број контактирани донатори од новинарската фела.

Интересно е што 9 од 10 новинари донирале за Демократите. Тпа е само уште една потврда на неодамна спроведената анкета која покажува дека мнозинството од 100те илјади вработени во медиумскиот сектор во САД се наклонети кон Демократите.  Анкетата на двајца професори на Универзиотетот во Индиана покажува дека 28 проценти се поддржувачи на Демократската апртија наспроти 7 проценти кои ги поддржуваат Републиканците. Со ваква слаба поддршка меѓу новинарите Републиканците по примерот на СДСМ би требало да ги бојкотираат следните избори.

Политичката определба не само на новинарите туку и на цели медиуми во САД е комплетно не скриена и јавна. Во последното викенд издание и самиот New York Times во уреднички коментар порачува дека ќе застане зад Хилари Клинтон на претстојната изборна трка.

Во Македонија, СДСМ и посредникот Ванхауте бараат целосна забрана на уредничкиот коментар, високи казни и забрана за работа з ановинари и медиуми кои ќе покажаат пристрасност. ВМРО ДПМНЕ пак бара наместо да се прават експерименти, да се усвои кој било закон за медиуми од земјите членки на Европската Унија.