Македонија
13. January 2020 - 16:42

21-годишно момче загина, а 3 лица се повредени во тешка сообраќајка кај Ново Село

Едно лице на возраст од 21 година загина, а уште тројца  се повредени во тешка сообраќајна несреќа  на магистралниот пат Ново - Село Смоларска раскрсница, на излез од селото Ново Село. Несреќата се случила околу триесетина минути после полноќ, а во неа учествува две патнички возила, Форд Мондео и Мерцедес Бенз, и двете со струмички регистарски ознаки. загинатиот 21 годишен жител на селото Ново Коњарево бил како сопатник во мерцедесот.

,, Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз“, И.И.21годишен од село Ново Коњарево, а со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“, Д.Д. и сопатникот во истото возило И.С. 19годишен  од село Рич, додека со телесни повреди се здобил В.Ч., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица. ,, вели Хризантема Рендевска - потпарол на СВР Струмица. 

Поради несреќата до четири часот наутро сообраќајот на магистралниот пат бил во прекин и се пренасочувал по локалните патишта. За една недела оваа е втора сообраќајна несреќа со смртни последици во струмичко. Минатиот понеделник на локалниот пат кај селото Добрашинци загина 63 годишен  возач.