Џет-Сет
30. December 2016 - 18:45

2016 однесе уште една голема личност - Почина креаторот на Киндер јајце

 
Човекот кој го смисли Киндер јајцето Вилијам Салис починал синоќа на 84 години во италијанскиот град Павија.
 
Веста за смртта ја објави фондацијата „Color your life“ која е идеен творец на популарното слатко јајце со играчка.
 
Вилијам во компанијата „Фереро“ започнал да работи во 1960 година и набрзо станал десна рака на сопственикот Микел Ферера, „таткото“ на познатата Нутел кој почина минатата година.
 
Се наведува дека италијанскиот производител на чоколадни бонбони во седумдесетите години сакал да создаде нешто ново наместо традиционалните чоколадни јајца кои се користеле само за Велигден.
 
Така настанало „Киндер“ јајцето кое е омилено кај децата ширум светот.