Ракомет
19. May 2022 - 11:15

20 години од европската шампионска титула на Кометал Ѓорче Петров

Поминаа 20 години од европската шампионска титула на Кометал Ѓорче Петров. 

На 19.мај 2002 година во преполнетата сала Кале во реванш финалето ракометарките на македонскиот шампион победија со 26:22 и со тоа ја анулираа предноста на унгарски Херц од првиот дуел (27:25). 

За големото славје во салата и потоа на скопскиот плоштад се сеќава капитенот на шампионската генерација Кометал Ѓорче Петров Гордана Нацева.

Марјан Ников