Македонија
20. October 2020 - 10:09

19-годишник тешко повреден откако со возилото излетал од коловозот во близина на Стража

Синоќа околу 21.25 часот на магистралниот пат Гостивар - Кичево, во близина на Стража, А.И.(19) од гостиварско Врањовце, управувајќи патничко возило „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, соопштуваат од МВР.

Повредениот возач е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.