Loading Video...
Тенис
10. October 2020 - 17:05

19 годишната Својнтек сензационална победничка на Ролан Гарос

Полска тенисерка Ига Својнтек  е сензационална победничка на Гренд-слемот Ролан Гарос. Таа во финалето експресно во два сета со 6-4 и 6-1 ја победи Американката, Софија Kенин. 
 
19 годишната тенисерка до својот најголем успех во кариерата стигна без загубен сет. Таа турнирот во Париз го започна од 53-тото место на ВТА листата ова е најголемиот успех во кариерата, по кој сигурно веќе во понеделник ќе направи голем скок на новата ранг листа.. 
 
Утре на програмата е машкото финале, а во него ќе играат двајцата надбори тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.