Loading Video...
Тенис
8. September 2019 - 14:58
19-годишната Андреску сензационална победничка на УС Опен
Канадската тенисерка Бјанка Андрееску е сензационална победничка на последниот Гренд-слем турнир УС Опен.
19-годишната Канаѓанка ја совлада фаворитката Серена Вилијамс со 2-0 по сетови 6-3 и 7-5, не дозволувајќи и на двојно повозрасната Американка да стигне до нејзиниот седми трофеј во Љујорк.
Така Серена остана на бројката од 23- трофеи од Гренд-слем турнирите, а 19-годишната Андреску дојде до првиот кои и донесе и парична награда од 3,85 милиони долари.
Вечерва ќе се игра машкото финале во кое Шпанецот, Рафаел Надал ќе атакува на четвртата тутула на УС Опен и вкупно 19-та од Грен-слем турнирите, а неговиот противник Русинот, Данил Медведев ќе се обиде за прв пат во кариерата да стигне до победничкиот пехар во турнирите на „големата четворка“.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->