-->
-->
17ч: Македонија по петта победа против Азербејџан
-->
Македонската фудбалска репрезентација попладнево во 17ч го игра првиот од двата контролни дуели и тоа против селекцијата на Азербејџан против која имаме извонредно позитивен дуел, 5 средби со 4 победи и еден нерешен резултат.
Првпат ги победивме во 2000-тата година со 2-1 во пријателски дуел а потоа во квалификациите за СП 2002 ги победивме со 3-0 во Скопје и одигравме 1-1 во гости.
Во 2010 година во пријателски дуел во Австрија славевме со 3-1 а потоа во Баку исто така во контролен дуел ја совладавме четата на тогашниот селектор Берти Фогтс со 1-0.
Попладнево го играме 6. меч на кој ќе ја бркаме 5. победа против Азербејџан како селекција против која како една од ретките имаме позитивен резултат:
-„Не би зборувал околу гол-разликите и прогнозите, туку посакувам само победа. Желбите се да одиграме квалитетен натпревар, да го спроведеме она што го замислуваме и да извлечеме позитивен резултат. Азербејџан е селекција на наше рамниште, нашите фудбалери ги одработија подготовките, но заедно сме само на денешниот тренинг затоа што младинците ни пристигнаа денес. Но и покрај тоа, сметам дека нема да имаме проблеми да одиграме еден квалитетен натпревар“, изјави селекторот Ангеловски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
