16-годишна тинејџерка за една година остаре неколку децении: Сè уште сум млада, а изгледам како старица
Раизел Грејс Калаго (16) е убава тинејџерка од Филипини. Сепак, минатата година, таа почна да добива брчки преку ноќ, и за само една година, таа „остаре“ неколку децении. Тaa сè уште оди во средно училиште, но кога ќе се појави на улица, сите мислат дека има педесет години.
– Промените почнаа да се случуваат прво во форма на осип под вратот и лицето. Имав болка на допир. Потоа, кога осипот ќе се повлечеше, брчките остануваа. Ги посетив сите можни лекари, но никој немаше идеја што ми се случуваше – вели Раизел.
Конечно, во еден момент таа наиде на експерт кој откри дека станува збор за исклучително ретко пореметување наречено прогерија или синдром Хачинсон-Гилфорд.
– Сè уште сум млада, а изгледам како стара жена и мора да се помирам со тоа. Луѓето често мислат дека сум постара од мајка ми, таа е исклучително млада – вели Раизел.
– Бидејќи сè се случуваше за време на пандемијата, носев маска, па ми беше малку полесно. Не можам да се помирам со мојата состојба, срам ми е да излезам и затоа сè уште носам маска и не планирам да ја тргнам. Што ми се случи, едноставно не можам повеќе да одговорам на тие прашања. Мојата самодоверба целосно се намали и се плашам дека никогаш нема да можам да изгледам како што претходно изгледав – вели очајно тинејџерката.
Во светот има околу 200 дијагностицирани случаи на прогерија низ целиот свет.
– Сè уште нема лек за оваа болест, сè уште се истражува – вели д-р Џејмс Јанг, кој исто така ја идентификуваше болеста.
Ново на Сител
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија