Македонија
16. August 2022 - 8:35

150 санкционирани возачи во Скопје, 21 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за нерегистрирани возила, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

Сектор за односи со јавност и протокол

Министерство за внатрешни работи