Македонија
14. February 2019 - 18:05

14 лица загинаа во трагичната сообраќајна несреќа - судска медицина врши обдукција на телата

19 годишниот Онур Садику е една од жртвите во катастрофалната автобуска несреќа. Студирал во Скопје на медицинскиот факултет. Тој е една од 14те идентификувани жртви за кои заврши обдукцискиот наод од судска медицина.

 Меѓу починатите е и Ајдин Исмаили кој е на иста 19 годишна возраст  од Гостивар. Во автобуската сообраќајка загина и магистер по правни науки Павле Костоски кој се враќал од работа во Скопје, вработен во Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Животот прерано го загубија кошаркарот Јовица Трпевски, чиј татко е пратеник од редовите на СДСМ како и студентот Бобан Аврамовски.

14 февруари беше кобен и за Зоран Давидовски кој беше одговорен за секторот сообраќај во Градот Скопје како и за Арсен Арсоски директор на македонски железници Гостивар.

Во несреќата загинаа и Раметула Абдурахими, Валдете Хамити, Есат Емрули,Бесим Фетаи, Бејза Узеири,  Трпана Јаневска и Дејан Ристевски сите од Гостивар.

Како дошло до несреќата се уште не открива ЈО. Во првото соопштение до јавноста информираат дека увидот е завршен , но се уште не е готово  техничкото вештачење на автобусот.

Возачот не открил никакви детали во досегашните разговори со надлежните, но резултатите од анализата на крв и урина покажуваат дека тој не бил под дејство на алкохол, лекови и психотропни супстанци.

Со колкава брзина возел и дали во моментот на несреќата возачот зборувал на мобилен телефон обвинителството ќе утврди од техничкиот преглед и листинзите од операторите. Точните причини кое довеле до несреќата ќе треба да ги докажат вештаците на судското биро,  машинскиот факултет,исказот на сведоците . Во зависност од утврдените факти  обвинителството најави дека ќе покрене соодветна постапка.