Бизнис
4. November 2018 - 17:10

10 години Шпаркасе банка, менаџментот планира банкарски супермаркет

Шпаркасе банка одбележува 10 години постоење на македонскиот пазар. Првиот човек на банката Глигор Бишев во разговор за Сител вели дека кога во 2008 австриската групација Ерсте банк влезе во поранешната Инвест банка, таа имала пазарно учество од 2,7%, денес е во групата водечки банки во земјава. Планот за наредниот период е Шпаркасе да биде банкарски супермаркет, место каде што ќе можат да се завршат сите работи, но и сигурен партнер и на домаќинствата и на стопанството.