Loading Video...
Спорт плус
15. February 2018 - 17:00

ЗОИ: Освојувачи на медали

На шестиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Пјонгчанг беа комплетираните 9 финални натпреварувања, а свое деби имаше и нашата репрезентативка Викторија Тодоровска
 
Македонската скијачка Викторија Тодоровска денеска го имаше своето деби на Зимски олимписки игри во Прјонгчанг.  17-годишната Тодоровска настапи во трката на 10.км крос-кантри. Во конкуренција на 90 натпреварувачки, Македонката се пласира на 85.место. Тодоровска заостана без малку 8.минути зад победничката и нова олимписка шампионка Рагхнилд Хага 
 
Утре својот втор настап на Олимпијадата ќе го има македонскиот знаменосец Ставре Јада кој ќе настапи во трката на 15.км слободно 
 
Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал влегува во историјата како најстариот  освојувач на олимписко злато во алпско скијање. 35-годишниот Свиндал победи на спуст трката, а до златото стигна пред сонародникот Јансруд побрзо за 12.стотинки.  За Норвежанецот ова е вкупно четврти медал во кариерата од олимписките игри, а втор златен откако првиот го освои во 2010 година во Ванкувер. 
 
Американката Микаела Шифрин ги остави конкурентките зад себе на денешната велеслаломска трка. Таа до златниот медал сигна пред Норвежанката, Мовинкел која и Брињоне од Италија. И за Американката ова е второ злато од Олимпијадите откако првото го освои во Сочи во слалом. 
 
Пјер Волтие ја прекина доминацијата на Американците во сноуборд. Французинот беше најснаодлив и најбрз во сноуборд крос со што го одбрани златото освоено пред четири години во 
 
Германскиот пар  Аљона Савченко / Бруно Масо го освоија златниот медал во уметничко лизгање во спортски двојки. 
 
На биатлонските трки, најуспешни беа Хана Јоберг (Шведска) на 15.км кај дамите и Норвежанецот, Јоханес Тингес Бо на 20.км кај мажите 
 
Тед Јан Блумен не им дозволи на Холанѓаните да ја продолжат доминацијата во брзо лизгање, па Канаѓанецот го освои златниот медал на 10.км пред холандскиот натпреварувач Бергсма 
 
А, Германија освои ново злато во санкање и тоа квартетот Гејсенбергер, Лудвиг, Вендл и Артл кои беа најбрзи со штафетната трка, додека зад нив се пласираа Канаѓаните и Австријците.