Спорт плус
20. February 2018 - 7:25

ЗОИ 2018: Златен медал во танцови двојки за Канада

Канадската двојка Теса Вирту и Скот Мор го освоија златниот медал во уметничко лизгање во конкуренција на танцови двојки на Олимписките игри во Пјонгчанг. Тие имаа најдобра куса програма и доволна бодовна предност по првиот дел и со 206.07 поени стигнаа до првото место.
Во слободната програма најдобри оценки добија Габриела Пападакис и Жулиом Цисерон од Франција, кои освоија 205.28.
Бронзата им припадна на Маја и Алекс Шибутани од САД (192.59 поени)
За Вирту и Скот ова е трет медал на Олимписките игри, откако злато освоија 2010 година во Ванкувер, а пред четири години во Сочи беа „сребрени“.