Живот
19. February 2018 - 15:59

Жива ја закопале - 11 дена пискала и се обидувала да излезе од гробот

Rosangela Almeida dos Santo се обидувала 11 дена да се извлече од гробот, викала и гребела по ковчегот, а кога локалните жители конечно слушнале и реагирале на нејзиниот крик, било премногу доцна и 37-годишната жена починала.

Приказната слична на оние од најлошите хорор филмови доаѓа од североисточниот Бразил. Во Riachão das Neves по грешка во камена гробница била закопана жива 37-годишната Rosangela Almeida dos Santo, известува The Mirror.

Несреќната жена цели единаесет дена гребела по ковчегот и врескала во надеж дека некој ќе слушне и ќе ја спаси од таа агонија. Локалните жители ги слушнале врисоците и првично мислеле дека се деца, кои често играат во близина на гробиштата, се шегуваат и добро задеваат.

Кога вресокот продолжил и кога го слушнале гребењето и удирањето одлучиле да ги информираат вработените на гробиштата и семејството на Rosangelin. Членовите на семејството веднаш дошле на гробиштата и го извадиле ковчегот од гробницата и го отвориле.

За жал, Розангела повеќе не даваше знаци на живот, а работниците на итна помош можеле само да објават смрт. Во ковчегот биле пронајдени траги од крв кои укажувале на тоа дека Rosangela била закопан жива и дека е очигледно се обидувала на сите начини да го отвори ковчегот.

Причината за нејзината смрт била двоен-срцев удар. Rosangela била мажена и имала две деца и нејзиното семејство одлучило да ги тужи лекарите кои ја прогласиле за мртва и ќе побараат полициска истрага за сè.