Зери: Рамуш Харадинај се откажа од пратеничкиот мандат
Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај на Фејсбук објави дека нема да биде пратеник во новиот состав на косовскиот Парламент, пренесе приштинскиот дневен весник „Зери“.
Харадинај соопшти дека неговото место ќе го заземе партиски колега, но дека тој и натаму ќе биде партиски лидер на „Алијанса за иднината на Косово“ (ААК), која, според него, има потреба од реформи.
„Своето место во парламентот им го оставам на колегите, но ќе продолжам да ги држам отворени вратите на „Алијансата“ за нужната реформа, која беше побарана од народот“, напиша Харадинај.
ААК, предводена од него, и Социјалдемократската партија (СДП), кои заедно се натпреваруваа на предвремените избори на 6 октомври, освоија 11,57 отсто од гласовите и се најдоа на четвртото место по Движењето Самоопределување, Демократската лига на Косово (ЛДК) и Демократската партија на Косово (ПДК).
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово