Македонија
19. January 2018 - 17:05

Заев: Законот за јазици е согласно уставот - Мицкоски: Две причини поради кои законот нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека носењето на новиот Закон за јазиците нема да резултира со двојазичност на сите институции во РМ. Тој вели дека се што стои во рамките на овој закон е согласно членот 5 од Уставот на Република Македонија.

Според претседателот на ВМРО ДМПНЕ Христијан Мицкоски, Собранието и парламентарното мнозинство имаат усвоено неуставен закон, без присуство на опозицијата и без дебата. Тој вели дека постојат две причини поради кои неговата партија не се согласува со усвојувањето на овој закон.   

Пред два дена и претседатлот Ѓорѓе Иванов не го потпиша указот за прогласување на овој закон. Во своето образложение Иванов посочи дека дури 19, од 25те члена кои ги содржи овој закон се противуставни.

Според членот 75 од Уставот на Република Македонија, Собранието повторно го разгледува законот. Доколку законот биде усвоен со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници или со двотретинско мнозинство, претседателот е должен го потпише.

Ако Иванов одлучи да не го потпише указот, Собранието може повторно да го разгледа законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на неговото донесување, и во тој случај амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот.