Македонија
23. October 2019 - 13:04

Заев: Ја чуваме татковината и македонскиот идентитет

Денес им се поклонуваме и ги чествуваме храбрите дејци на македонската револуционерна борба, и горди сме што татковината ја чуваме и афирмираме во светот како место на изградениот и уникатен македонски идентитет. Ова го напиша Заев на Фејсбук.

- Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината и во патриотски дух издигнуваме држава признаена од сите, како што се стремеа и дејците на македонската револуционерна борба. Нека е честит 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба!, напиша Заев.