Забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија пат.
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека напатниот правец Кочани-Делчево се забележува зголемена појава на одрони. Особено внимание е потребно кај делот од Истибања до брана Калиманци.
Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка граничен премин Деве Баир, Тетово-Попова Шапка, крак-Маврово-Дебар, крак-Стража-Кичево, Струга граничен премин Ќафасан.
Престанок на важност на забраната за тешки товарни возила на Пресека и Ѓавато.
Забрана за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.
Од АМСМ апелираат со посебно внимание да се вози на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
АМСМ препорачува поради обилни снежни врнежи без особена потреба да не се патува во западниот дел од државата, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи