Македонија
18. October 2019 - 17:30

За ВМРО - ДПМНЕ власта е виновна за недобивањето датум - Мицкоски очекува оставка од Заев

Не добивањето на датум за старт на преговорите со ЕУ е разочарување но очекуван исход според ВМРО ДПМНЕ. Мицковски потсети  дека одамна предупредувал оти политиките на премиерот не водат кон просперитет. За лошите вести од Брисел виновен е Заев а не Франција порача лидерот на опозицијата.

„ Тоа е пораз на политиките на Зоран Заев и оваа власт. Тоа е политика без концепт, арамилук, без визија. Таа политика не втурна во круг на себепорекнувања, за на крајот сето ова да заврши со неуспех. ЕУ продолжува да биде наша сратешка цел. Нема датум затоа што нема реформи, затоа што народот живее тешко. Нема друга држава каде криминалот царува со системот. Јас ја разбирам разочараноста на граѓаните. На народот му е преку глава од надумдрување на партиите. Кога велев да не им веруваме дека Заев ќе омекнувал срца на европски политичари. Крвави тендери, криминални иновации. Времето покажува дека сме во право тоа што го говоревме. Штетата е веќе направена“, - Христијан Мицкоски претседател на ВМРО ДПМНЕ-

Мицковски очекува оставка од Заев и предвремени избори.

„Народот бара и посакува избори како и јас. Тоа е единствено решение за да се надмине кризата. Колку и да се противи власта, изборите ќе дојдат. Очекувам Заев денеска да си даде оставка, иако тоа требаше да го направи многу порано. Потоа, да се распушти Собранието и да се формира техничка влада 100 дена пред избори“

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ рече дека ќе присуствува на лидерска средба на која според него треба да разговараат за јасен план и оптимизам кој ќе им го дадат на граѓаните.  За Македонија ,ЕУ останува стратешка цел порача Мицковски и увери дека земјава има пријатели во унијата.