Фудбал
7. October 2015 - 9:47

Вучиќ оди-не оди за Елбасан

Премиерот на Србија , Александар Вучиќ изјави за медиумите дека се уште не одлучил дали ќе присуствува на квалификацискиот дуел Албанија - Србија што се игра в четврток во Елбасан, град близу границата со Македонија.

„Очекувам да видам кој се ќе присуствува на овој меч. Едно е вие да присуствувате како поканет , друго е да бидат поканети и други луѓе. Чекам информација од кабинетот на Еди Рама, премиерот на Албанија и ќе донесам одлука“- изјави Вучиќ. 
Првиот меч во Белград беше прекинат поради веењето на знаме на тн Голема Албанија. Србија заработи казна и мечот нема резултатско значење за гостите од Белград,.