Македонија
21. December 2018 - 9:38

Врачување на државната награда „Јасмин“

Во Собранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда  „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2018 година, за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

За остварување во областа на публицистиката наградата годинава ѝ се доделува на Марина Костова, публицист; а за остварување во областа на новинарството  на новинарот Емин Аземи.

Одлуката неодамна ја соопшти Одборот за доделување на наградата „Јасмин“, под претседателство на Катерина Блажевска.