Бизнис
4. December 2017 - 20:33

Вработените во Фени со блокада на патниот правец Прилеп - Градско си ги бараат заостанатите плати

Патот Градско Прилеп под блокада. Работниците од Фени денеска два часа протстираа на магристалниот пат со барање да се ги добијат двете неисплатени плати. Велат блокади ќе има секој ден се додека нивните барања не бидат исполнети. Освен плата, бараат комбинатот да продолжи со работа затоа што со сегашните берзански цени брзо можат да излезат од криза.

Минатата недела комбинатот од Кавадарци отиде под стечај. И доверителите и Владата најавија брзо рестартирање на компанијата која има долгови од близу 60 милиони евра. Работниците добијат ветување и дека ќе бидат исплатени.

Покрај работниците, денеска штрајкуваа и транспортерите кои превезуваат стока за сметка на Фени. Велат дека за нивната работа, пари не зеле од март.